Ова е новата љубов на Караман : Момчето ја измами, а таа брзо падна во прегратка на убавецот

ИЗВОРnovlist.mk
|

Нова љубовна приказна ги тресе овие денови турските медиуми, посебно како пред осум години романсата на Халит Ергенч и Бергузар Корел родена во текот на снимањето на „1001 ноќ“.

Овој пат актери се најголемиот турски заводник Озџан Денис , Караман од „Виорот на Судбината“ и десет години помладата Асли Енвер. Тие двајца во Бурса ја снимаа серијата „Истанбулската невеста“, која благодарение на нивната меѓусебна хемија и природна глума на Асли освојува се повеќе гледачи.

Ништо тука не би било толку шокантно ако Асли не била во врска со турскиот музичар Мурат Боз, со кој се запознала пред две и пол години на снимањето на филмот „Мојот брат“ во кој играле со Бурак Озчивит.

Врската им била сериозна, двете семејства се запознале, се зборувало и за венчавка, и после десет дена – РАЗДЕЛБА. Причина?

Мурат својата драга сакана ја измамил со помлада старлета со кој случајно се нашол на некоја приватна журка.

Сите ја жалеле Асли и сочувствувале со неа, а потоа ненадејно од кругот на нејзните пријатели се дознало дека во Бурса таа силно се вљубила во Озџан и дека двајцата се засакале .

Турските медиуми пак годинава ја обавија веста дека актерот Озџан Дениз или кај нас попознат по улогата на Караман, се разведува од својата 20 години помлада сопруга Фејза Дениз.

Според пишувањето на турскиот новинар Билал Озџан, актерот веќе покренал постапка за развод. Двојката е вeнчана осми март минатата година, а по неполна година одлучија да се разделат.

Озџан со Фејза се венча додека таа беше во седмиот месец од бременоста, а се сомнева дека бракот беше склучен само поради детето, Сепак, причината за разделбата не е позната.

Турскиот актер има бурно љубовно минато, а една од неговите девојки беше и актерката и сопруга на Бурак Озчивит, убавата Фахрие Евџан која наското ќе стане мајка.