Ова е предлогот на ЛДП за претседателски кандидат

ИЗВОРСкопје24
|

 Ангелка Пеева Лауренчиќ, е предлогот на ЛДП за претседателски кандидат, доколку Либерал – демократите ја донесат тешката одлука за самостоен настап на претседателските избори.

Ангелка Пеева Лауренчиќ се повлече од политичките води по пратеничкиот мандат од ЛДП од 2002 до 2006. Во политиката влезе со либералите на Стојан Андов, а пред да се соединат либералите и демократите, таа беше претседател на Либерална Унија на Млади .

Од политичките, таа потоа премина во бизнис водите. Веќе 15 години е на чело на една од најголемите агенции за односи со јавноста во Република Македонија, „Имиџ ПР“.