Ова е приказната за вредната 70-годишна баба која во 2018 година исчистила 52 плажи

ИЗВОРСкопје24
|

Британката Пат Смит од Корнвол, цела година работела напорно за да помогне во чистење на планетата Земја. Откако изгледала документарен филм за пластиката која ја уништува и загадува нашата планета, Пат одлучила да преземе нешто по тоа прашање.

Граѓаните на Корнвол ја поддржале нејзината идеја и ѝ помогнале, а вредната баба заедно со волонтерите и своите внуци ја постигнала својата цел. Таа исчистила 52 плажи во Корнвол во рок од 365 дена и нема намера да застане тука.

Многу луѓе мислеле дека Пат ги чисти плажите бидејќи извршува должности кои ѝ биле зададени, но вредната баба вели дека должност на сите нас е да го собираме отпадот кој го правиме и дека истиот не смее да останува на улиците.

Смит покренала иницијатива под името “The Final Straw” која има за цел да ја подигне свеста кај луѓето во врска со пластичните сламки, а таа се надева дека ќе успее да направи промена и чекор до нивно потполно “истребување”.

70-годишната Пат соработува со Мартин Дореј кој ја покренал организацијата “2 Minute Beach Clean” како и со Вејн Диксон.