Ова е промената кај Даниел Кајмакоски по крајот на брачниот живот

ИЗВОРСкопје24
|

Како бомба одекна веста пред неколку години кога пејачот и победникот на популарното шоу „Х фактор“, Даниел Кајмакоски се жени и ќе стане татко.

Во тој период, пејачот беше актуелен на музичката сцена, а за својот приватен живот не зборуваше.Даниел се ожени со неговата сопруга Кристина со која го има синот Давид.

По раѓањето на синот, Даниел се повлече од музичката сцена и потполно се посвети на своето семејство.

Меѓутоа, деновиве јавноста се изненади кога во медиумите се појави вест дека Даниел се разведува од Кристина и дека на нивниот брак им дошол крај.

Овие пишувања, пејачот ги потврди во мејл за „Бекстејџ“ истакнувајќи дека бракот е нешто најдобро што можело да им се случи.

Меѓутоа, по крајот на брачниот живот, Кајмакоски одлучи да направи промена, односно да се врати на својата голема љубов т.е музиката.

Така периодов Даниел често настапува во регионот заедно со својот бенд.

Во последната објава на „Инстаграм“ , Кајмакоски објави фотографија од негов настап, па порача:

„Се надевам дека уживавте претходната ноќ. Ви благодарам на лојалноста и се гледаме наскоро“ напиша Даниел во описот на фотографијата на која е со публиката.

Дали пејачот наскоро ќе влезе во студио и своите фанови ќе ги израдува со нова песна, ќе покаже времето.