Ова е сестрата на Душко Тошиќ: Таа ги чуваше ќерките на Карлеуша кога и беше најтешко

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша на 6-ти март минатиот месец ја испрати засекогаш својата мајка Дивна Карлеуша, а пејачката многу тешко го преброди тој период.

Откако пејачката дозна дека останала без својата најголема поддршка во животот потполно се скрши, а нејзините блиски се загрижени за нејзиното здравје.

Нејзиниот сопруг Душко Тошиќ не се двоеше во најтешките моменти од неа, додека нивните две ќерки Атина и Ника беа далеку од очите на јавноста.

Имено кога пејачката дознала за трагичната вест Карлеуша ги испратила своите ќерки кај сестрата на Душко во Зрењанин.

Сестрата на фудбалерот, Катарина Проданов е во одлични односи со снаата Карлеуша, тие често летуваат заедно и често таа е гостинка во домот на пејачката на Дедиње, па не е ни чудно што таа ги заштитила внуките во тешките моменти за Карлеуша.