Ова е скандалот поради кој Теа Таировиќ збесна и го напушти шоуто

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачката Теа Таировиќ го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд Специјал“, откако збесна кога водителот ја спомна нејзината експлицитна снимка која неодамна се појави во јавноста. Станува збор за домашно видео кое почна да се шири на социјалните мрежи на почетокот на јули годинава.

Скандал се случи поради водителот Синиша Медиќ, кој сакаше да ја запознае Теа Таировиќ, но не очекуваше дека пејачката ќе го напушти шоуто поради шегата.

Водителот Синиша Медиќ ја праша Теа дали експлицитното видео кое протече во јавноста и помогнало во кариерата, таа одби да му одговори и беше видно изнервирана.

Откако ја изведе својата песна, Синиша ја прашала Теа дали може да биде со еден маж или мора да има двајца партнери, што целосно ја налутило, па го променила изразот на лицето.

“Немам коментар. Ви благодарам многу“, рекла Теа видно изнервирана, а потоа излетала од студиото.

Сепак, очевидец кој бил на снимањето тврди дека овие „непријатни прашања“ за Теа биле дел од шегата на која таа се согласила пред сетот. Но, вистинскиот хаос се случи по снимената емисија кога мајката на пејачката го нападна водителот.