Ова епохално откритие од Србија го воодушеви светот: „Нашиот пронајдок постар е и од египетските пирамиди“

ИЗВОРСкопје24
|

На археолошкиот локалитет на подрачјето на Витково, кај Александровац, благодарение на повеќегодишниот труд на ентузијасти од музејот, вчера археологот Сања Црнобрња Красиќ ја ископала една од најголемите досега пронајдени “Венери“ за која се проценува дека е стара 6.000 години.

Според зборовите на Сања, станува збор за епохално откритие од периодот на младот неолит и припаѓа на Винчанската култура.

„Се потврдија претпоставките дека во Витково имало религиозен центар на Винчанската култура, затоа што “Венера“ е повисока од 30 цантиметри. Пред крајот на истражувањето стигнавме до откритие кое го воодушеви целиот свет затоа што нашиот пронајдок е постар и од египетските пирамиди“ – изјавила Сања.

Во тек е конзервацијата на овој исклучителен археолошки пронајдок.

6000 godinaNa arheološkom lokalitetu u Vitkovu, kod Aleksandrovca Župskog, zahvaljujući višegodišnjem trudu entuzijasta…

Gepostet von Sasa Stevanovic am Montag, 12. August 2019