Натписот пред едно кафуле во Далмација станал вирален на Фејсбук откако фотографијата била објавена на страницата „Dnevna doza prosječnog Dalmatinca“.
„Само кај нас“ – пишува под фотографијата на која се гледа дека кафулето е затворено поради “отворање“.
Оваа фотографија многмина ги насмеала, а некои веднаш заклучиле дека ова е достојно на Алан Форд.
„Кој трча, не оди“ – се шегувале.
„Затворено е затоа што треба да се подготви за отворање, не гледам ништо нејасно“, „Врв“, „Навистна оригинално“ – уште некои од коментарите под фотографијата.
На оваа популарна страница уште еден натпис од Сплит насмеал многумина, а на него пишува “ивентура“.
Хумористичните натписи не се единственото нешто кое може да се види во далмациските објекти.
„Велат дека неделното кафе е најубаво“ – пишува покрај фотографијата од кафулето која добила неколку илјади лајкови.