Кога во прашање е Вардар се чини ништо не е тешко. Бројните фанови трпеливо цели четири часа седеа на скопскиот аеродром, останатите многу рано ги фатија своите места на скопскиот плоштад и потрошија многу повеќе часови од своето слободно време, се во име на европскиот првак Вардар.
На аеродромот фановите пристигнуваа со автомобили, автобуси, мотори, па дури и велосипеди.
Меѓу сите се издвои едно момче кое со својот велосипед од почетокот на шампионската тура на Вардар до крајната цел градскиот плоштад го следеше автобусот со ракометарите. Тој мина повеќе од 25 километри и во ниту еден момент не се одвои, на овој начин сакаше да им се заблагодариме за убавите денови кои му ги пружија на него и цела Македонија.
Стоилов: За сите вас кои вчера чекавте и не дочекавте, за Саздо…
За сите вас кои вчера чекавте, чекавте и не дочекавте да ја прославивме втората EHF Champions League титула! За ова чудо од клуб RK Vardar! За Саздо🖤 и Komiti Skopje кои никогаш не не оставија и до крај веруваа во нас! За цел Балкан, за Македонија, за Скопје и за сите македонски градови и села! За сите вас!
Од срце❤️ ви благодарам, без вас сево ова немаше да биде возможно!
#ЕднаЉубовЕденЖивот
#ОдимеНаТретаТитула, напиша на Фејсбук Стојанче Стоилов.
❤️🖤🏆❤️🖤
https://www.facebook.com/stoilov.stojanche/videos/1030924430434309/