Згрми ли, ги гасиме телевизорот и компјутерот, ги затвораме прозорците, се засолнуваме на затворено ако сме надвор… Но, дали е доволно?
Дилема 1: Што со мобилниот?
Веќе знаеме дека треба да исклучиме сé што е електронско, но малкумина го прават тоа со мобилните телефони. На кратко, научниците се поделени околу тоа дали телефоните привлекуваат громови, ама сепак се согласуваат дека исклучувањето е побезбедната варијанта.
„Голем ризик е да имате уклучен мобилен телефон, бидејќи е извор на електромагнетни бранови кои го поплочуваат патот за атмосферскиот електрицитет. Кога грми, опа сно е секое коло во кое се наоѓа метал. Дури и вградените изолации се често беспомошни – громовите едноставно ги премостуваат“, велат експертите, меѓу кои и стручњаци за облаци и динамичка метеорологија.
Другите пак, сметаат дека самиот телефон и не е така оп асен. Зголемено зрачење има само при вклучувањето или гасењето. Ако ги прашате нив, веројатно ќе ви речат дека многу поважна е вашата локација.
Дилема 2: Локација
Стоењето на отворен простор каде што претставувате најиспакната точка во околината е директна опа сност. На отворено, громовите најчесто уд ираат во осамените камења или стебла, но и луѓе. Исто така, сериозна мета е и секој објект на рамна водена површина. Факт е дека громот знае да уд ри и во коприва (читај: каде што никој не очекува), но обично луѓето што се наоѓаат меѓу згради не се мета на молњите.
Дилема 3: Домашни апарати
За време на невреме, дома не треба да седите близу штекер, ниту пак да чувате запаливи предмети во негова близина. Се разбира, треба и да ги исклучите од струја сите технички апарати. Ако телевизорот има кровна антена, треба да го извлечете кабелот од антената од апаратот. Компјутерите, со сé напојувањето треба да бидат исклучени, а треба да го исклучите и кабелот за фиксниот телефон – или оној за напојување, или самата телефонска линија.
Што всушност се случува?
Кога има невреме, „реката од електрони“ која извира од земјата или од објектот што зрачи, прави пат за громот. Електроните се движат кон позитивно наелектризираните облаци, чиј напон се движи околу стотина милиони волти! Громот ја погодува таа „река“, која потоа му служи како проводник.
Група научници направиле еден експеримент со напуштен далековод. На еден столб поставиле радиоактивен извор за громови, а на другиот, на растојание од стотина метри – не. Подоцна го преместиле изворот, мерејќи го бројот на уда ри на двете места. Се покажало дека тоа немало никаков удел и дека главниот фактор е тоа колку квалитетно е заземјувањето. Сепак, громот попрво ќе уд ри во силно дрво со висока влажност и разгранет корен, отколку во исушено дрво на сув терен, без силно заземјување.