Ова не можевте да го видите на социјалните мрежи: Пријовиќ откри детaли за првиот одмор со синот

ИЗВОРСкопје24
|

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ во март станаа родители на нивното прво дете, синот Александар. Отогаш тие секој ден уживаат во семејната идила, а сега го искористија топлото време за да заминат некаде на одмор. Пријовиќ како за дестинација за прв заеднички одмор со синот го одбра Монте Карло.

Александра на социјалните мрежи не објавуваше фотографии од својот син, но затоа ги почасти фановите со неколку нејзини фотографии и ја покажа својата одлична фигура.

Меѓутоа, во последното интервју, пејачката откри како се однесувал синот за време на одморот.

„Верувам дека јас ќе го размазам синот повеќе од татко му. Александар е навистина добро и мирно бебе. Кога бевме во Монте Карло, тој цело време спиеше, не плачеше, па не ни правеше никакви проблеми, па првото патување ни беше совршено“ вели Александра и додава:

„Слободното време го поминувам со Александар. Кога ќе заспие јас одам да работа, а кога наутро ќе се разбуди јас веќе сум дома. А кога имам работни обврски, моите родители и родителите на Филип ни помагаат околу синот“ вели Александра.