Ова не ви го кажуваат на бензинска-Со помалку пари повеќе гориво

ИЗВОРНов Лист
|

Ова се само неколку совети со кои може да заштедите многу гориво.

Не точете до врв
Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.

Добро затворете го резервоарот
Доколку има доток на воздух, бензинот ќе испари. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.

Користете квалитетно масло​
Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.

Одржувајте го моторот
Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.