Православните христијани во петок и сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на заминатите.На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се по*инати, ги посетуваме нивните гро*ови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за по*ојните роднини и пријатели.
На овој ден се посетуваат гро*иштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за по*инатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на по*ојните и се молат за покој на нивните души.
На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гро*овите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гро*ишта, тој пали свеќа во црква. На Задушница се изнесува и храна на гро*иштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гро*иштата, со спомнување за спас на душата на по*ојникот.
Обичај е на гро*ишта да се носи онолку свеќи колку што гр*бови се посетуваат.Доколку на г*обот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на г*об одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од г*обот.
Духовден, празник кој се прославува во спомен на слегувањето на Светиот дух. Бидејќи овој голем настан се одиграл на педесеттиот ден по Воскресението Христово празникот секогаш се слави на педесеттиот ден по Велигден и секогаш се паѓа во недела.
На големиот празник народот традиционално ги посетува манастирите и бара прошка за гревовите и лек за болестите. Упатените велат дека е добро оттаму да се понесе осветена вода бидејќи во наредната година обезбедува хармонија во домот. Овој празник се нарекува и Духови бидејќи претставува слегување на Светиот дух на апостолите.
Два дена порано, пред Духовден, на гробиштата се одржуваат т.н. отворени задушници. Се верува дека во тој период се „отвораат“ гро*овите и може да се разговара со покојн*те. Обичај е на гр*бишта да се послужува храна за душа на истите.
Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.
Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.