Ова се хороскопските знаци кои не веруваат во хороскопот

ИЗВОРНов Лист
|

ЈАРЕЦ

Ќе биде тешко да се убедат Јарците дека имаат карактеристики на класичен Јарец. Тој е тврдоглав и стои цврсто на земја. Тешко го менува ставот за било што, и едноставно ги отфрла дискусиите за она што не го разбира.

ДЕВИЦА

И Девицата мрази сè што не е научно засновано. Девицата сака анализи и детали. Тие се стремат кон совршенство и многу често се убедени дека се совршени, па затоа не е соодветно да ги слушаат карактеристиките на нивниот знак кои не одговараат на нивната слика за себе.

БЛИЗНАЦИ

Кога им оди добро и кога изјавите во хороскопот се позитивни, тие често веруваат во астрологијата. Штом се појави нешто што не им одговара во хороскопот, тие отфрлаат каква било можност во астрологијата да има нешто друго освен глупости.

БИК

Бикот ќе го препознаете по тоа што не верува во астрологија и вели дека тој, како Бик, нема никакви карактеристики на неговиот хороскопски знак.