Ова се најголемите манипулатори меѓу хороскопските знаци

ИЗВОРНов Лист
|

Водолија

Водолијата се однесува како да е над сите и светот го смета за здодевен уште од моментот кога ќе пристигне тука. Водолијата бара партнер кој ќе може да го манипулира. Оние коишто се родени во овој знак успеваат да го наговорат партнерот да прави како што ќе му кажат. Водолијата не прифаќа тешка физичка работа, смета дека е достојна само за работа на висока позиција.

Близнаци

Доколку некој успее да издржи со нив подолго од недела дена, Близнакот ќе најде начин како да ве натера да го правите она што нему му одговара. Припадниците на овој знак многу тешко се одлучуваат да ги засукаат ракавите, па дури и ако го направат тоа, го прават по иницијатива на некој друг. Близнаците се себични и ретко кога се грижат за потребите на другите луѓе.

Рак

Раковите се разгалени уште од мали, па затоа очекуваат дека обврските ќе им ги заврши некој друг. Припадниците на овој знак стапуваат во брак за да има некој друг кој ќе се грижи за нивните потреби и кој ќе им ги исполнува желбите.

Бик

Најмрзливиот хороскопски знак останува мрзлив и во врската. Доколку нешто треба да се направи, Бикот нема да мрдне ниту со мал прст, затоа што тука е неговиот партнер кој ќе ги измие садовите и ќе ја среди куќата. Биковите не планираат да се променат. Тие живеат во хаос и тоа не им пречи.

Риби

Рибите можат да го добијат она што го сакаат доколку глумат жртва. Потребен им е партнер кој ќе им ги исполни сите желби. Припадниците на овој знак бараат личност на која можат да ѝ наредуваат.