Какви PIN кодови користите, како ги креирате и смислувате? Дали знаете дека и покрај сите предупредувања, луѓето продолжуваат да ги користат оние кои се најризични и најлесни за откривање?
Истражувањата покажуваат дека PIN-кодовите кои се меѓу 10-те најризични и понатаму се најкористени бидејќи најлесно се откриваат.
Како што се зголемува бројот на туристи во летните месеци, така се зголемува и бројот на оние кои се подготвени на различни начини да ја искористат гужвата. Меѓу нив има хакери кои користат сè пософистицирана опрема за да крадат PIN кодови на кредитни и дебитни картички. Секако, вакви проблеми постојат насекаде низ светот, затоа не ја игнорирајте опасноста дури и кога патувате сами каде било на одмор.
Ова е листа на PIN кодови кои се најлесни за хакирање:
1234
1111
0000
1212
7777
1004
2000
4444
2222
6969