Доколку сте родени во еден од овие три хороскопски знаци, имате среќа – за вас сите мислат дека сте паметни.
Тоа што ве следи титулата едни од најпаметните хороскопски знаци, значи дека луѓето нема толку лесно да влегуваат во конфликт со вас.
Овен
Уште додека се деца, лесно може да ја препознаете нивната остроумност. Дури и додека играат во дворот може да ја забележите нивната самодоверба која потекнува од нивната интелигенција.
Кога ќе пораснат сакаат да управуваат со работите и тоа ги прави среќни. Жените Овни се прилично провокативни во секој поглед. Не се плашат да отстапат од општото јавно мислење доколку размислуваат поразлично затоа што веруваат во својата интелигенција.
Шкорпија
Жените родени во овој знак ќе ги препознаете по тоа што многу се разликуваат од сите останати. Имаат изразена интуиција, па лесно ги препознаваат манипулаторите и непријателите. Ретко кој сака да им биде непријател.
Јарец
Тие се сериозни, тивки и претпазливи. Но, тоа не значи дека не можат да се снајдат. Жените Јарци можат лесно да најдат заеднички јазик со оној којшто сакаат и доколку сакаат. Успехот секогаш им е на дофат на рака зошто секогаш се трудат. Не сакаат да учествуваат во конфликти, упорни се, но сепак приземни.