Ова е листата на најпопуларните машки имиња во Македонија во последните 50 години, но и нивните значења. Доколку сте во потрага по совршеното име за вашето синче, во продолжение ви претставуваме неколку предлози кои сигурно ќе ви се допаднат:
Лука – Значење на името: Човек од Луканија (место во Италија), доаѓа од збор Leukos – светол, бел. Потекло на името: Името има латинско и грчко потекло. Познати личности: Апостолот и Евангелист Лука. Варијации на името: Лукас, Лук.
Никола – Значење на името: Победа на народот, победнички народ. Потекло на името: Името има грчко потекло.
Марко – Значење на името: Посветен на Марс, воинствен, бор бен. Потекло на името: Латинско потекло. Познати личности:Апостолот Марко, Марк Твен итн.
Александар – Значење на името:Бранител на луѓето, заштитник на луѓето, во ин.Потекло на името: Името има грчко потекло. Исковано е од глаголот alexō – заштитува, брани и именката andros – човек.
Дејан – Значење на името: Да прави нешто, да биде активен. Потекло на името: Името има словенско потекло од зборот “деја” – правење нешто. Варијации на името:Деан.
Иван – Значење на името:Бог е милостив. Потекло на името: Еврејско потекло, доаѓа од името Јован. Варијации на името: Иво, Ивица, Јован.
Горан – Значење на името: Човек од планина. Потекло на името: Името има словенско поткло. Постои и во курдскиот јазик, каде значи: промена. Познати личности:Горан Бреговиќ, Горан Вишниќ. Варијации на името: Горјан.
Зоран – Значење на името:Зора, изгрејсонце. Потекло на името:Словенско потекло, машка форма на името Зора. Драган – Значење на името: Драг, скапоцен. Потекло на името:Словенско потекло
Дамјан – Значење на името: Скротител, да скроти, да покори. Потекло на името: Името има грчко потекло. Варијации на името:Даме, Демијан.
Петар – Значење на името: Камен, карпа. Потекло на името: Името има грчко потекло. Познати личности:Апостол Петар, глумците Питер Селерс, Питер Вилер итн. Варијации на името: Петре, Перо.
Стефан – Значење на името: Круна, венец, крунисан. Потекло на името: Библиско име со грчко потекло. Познати личности: Стивен Спилберг, Стивен Сегал. Варијации на името:Стево.
Лазар – Значење на името:Бог е моја помош, Мојот Бог помогна. Потекло на името: Библиско име со Еврејско потекло, форма на Елеазар. Варијации на името:Елеазар, Лазарус.
Јован – Значење на името:Бог е милостив. Потекло на името: Библиско име со Еврејско потекло. Познати личности:Апостол Јован, многу цареви, папи итн. Варијации на името:Иван, Јане, Јохан, Жан, Џон. Матеј – Значење на името: Дар од Бог. Потекло на името:Библиско име, со еврејско потекло.