Ова се најсреќните датуми за венчавка до крајот на 2022 година – еден е посебно магичен

|

Паровите кои веруваат во астрологија и нумерологија сакаат да се консултираат со познавачите на таа област пред да изберат датум кога ќе ги разменат брачните завети.

Денот кога заљубениот пар ќе одлучи да го изговори „судбоносното да“ за нив според многу работи е важен и посебен. Сепак, оние кои веруваат во астрологија и нумерологија, сакаат да се консултираат со луѓето кои се познавачи на таа област пред да го изберат датумот.

Доколку во втората половина од 2022 година сте одлучиле да се венчате, астролозите издвојуваат датуми кои можат да бидат особено среќни за вас, односно датуми за паметење во секој месец.

Сепак, еден датум до крајот на оваа календарска година е означен како „ден на дупла среќа“.

Јули – Среќни денови: 8, 11, 21. Датуми за паметење: 7 и 22.

Август – Среќни денови: 5, 7, 8, 19. Датуми за паметење: 8 август – датум којшто нумеролозите го означуваат како „ден на дупла среќа“.

Септември – Среќни денови: 1, 8, 25. Датум за паметење: 9 септември.

Октомври – Среќни денови: 7, 8, 18. Датуми за паметење: 10, 22.

Ноември – Среќни денови: 11, 25. Датум за паметење: 22.

Декември – Среќни денови: 4. Датуми за паметење: 2, 12, 22.