Ова се случува прв пат во неговата петдецениска кариера – Здравко Чолиќ на сцена ќе пее со 50 музичари

ИЗВОРНов Лист
|

Здравко Чолиќ, музички великан кој го обожаваат сите генерации, на 9 јули ќе настапи на второто издание на Интернационалниот фестивал Бања Лука Фест со симфониски оркестар. Концертот „Здравко Чолиќ симфоник“ ќе има премиера во Бања Лука!

Најголемата регионална поп-ѕвезда ќе настапи на големата сцена на тврдината Кастел, а на сцената ќе има педесетина музичари – одлични инструментални солисти на новосадскиот биг бенд и Оркестарот на операта на Нови Сад.

Во текот на својата петдецениска кариера, Здравко Чолиќ настапувал во сите поголеми концертни и спортски сали, како и на стадионите на Балканот, но никогаш не извел концертна програма која се потпира на симфониски оркестар.

Во секој поглед, концертот што Чола ќе го одржи на 9 јули на тврдината Кастел ќе донесе најубава хармонија на звукот и нова емоција со познатите хитови. Младешката енергија и ентузијазам на Здравко на сцената секогаш го придружуваа секој концерт, поради што на секој негов настап доаѓа публика од целиот свет.

Концертот ќе биде со седечка платформа, поради што ќе бидат пуштени во продажба ограничен број на влезници. Концертна сала под отворено небо, врвна продукција, црвен тепих, познати личности и афтер забави се задолжителен дел од Бања Лука Фест.

Магијата на најпознатите хитови и енергијата на неприкосновениот уметник, гарантираат дека затворањето на Бања Лука Фест на 9 јули ќе биде еден од регионално најзначајните музички настани ова лето.