ЛАВ
Љубомората кај овие хороскопски знаци е родена од нетрпение во тргата со своите соништа. Лавовите се чувствуваат како вечно да играат во продолженија. Нив ги води целта и се натпреварувачки расположени, им завидуваат на другите кои напредуваат и ги постигнуваат нивните цели. Овните сакаат да бидат први во се.
РАК
Припадниците на овој знак длабоко го сокриваат чувството на „недостиг“. Исполнети со нивните длабоки лични односи, водените знаци стравуваат од се што им се заканува на нивните меѓучовечки односи. На пример, ако нивната најдобра пријателка го поминува времето со некој нов пријател кого го запознала на вежбање, тие ќе бидат љубоморни на тој однос. Раковите се чувствителни и се осеќаат загрозено. Тие сакаат сигурност и стабилност.
ШКОРПИЈА
Шкорпиите гледаат закана во се. Во келнерката од која нивниот партнер нарачува кафе, тие чувствуваат како да постои некој таен јазик на флертување. Дали сака да му го напише својот број на сметката? Дали тој ја гледа подолго од тоа што би требало?
Љубомората произлегува од паранојата на Шкорпиите. Тие измислуваат сценарија кои го поттикнуваат нивниот бес да одбранат уште пред да бидат нападнати.