Во текот на целата оваа седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на голем топлотен бран кој продира од северните предели на Африка, и истиот ќе донесе екстремно високи температури на воздухот, а времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со екстремно висок Ув индекс (коефициент помеѓу 9 и 10).
Поради топлотниот бран и екстремно високиот Ув индекс, апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, но и да пијат повеќе течности. Исто така апелираме и на крајна претпазливост, односно граѓаните да внимаваат како се однесуваат во природа, поради опасноста од појава на шумски пожари.
Температурите на воздухот во следните денови на многу места низ Македонија ќе надминуваат 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминат и 40 степени, односно таму температурата локално ќе се искачи дури до 43 степени.
Во Скопје и околината за време на овој голем топлотен бран температурата ќе се искачи до 40 степени.
Во соседна Грција пак температурите локално ќе се искачат дури до 46, 47 степени.
НАПОМЕНА: Горе наведените очекувани температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека директно на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално дури и над 50 степени).
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!