Рада Манојловиќ беше искрена и зборуваше отворено за пластичните операции.
Иако досега не ретко се шушкаше дека пејачката Рада Манојловиќ има направено корекции на своето тело, таа категорично го демантира тоа.
Од друга страна пејачката и често ја советуваа да го зголеми градите, но и да го намали својот нос.
Пејачката призна дека размислувала за една до две операции, но се откажала – „бидејќи изгледа совршено“.
Таа во интервју за Ало изјави дека ќе биде запаметена како редок примерок на девојка која во себе нема ништо пластично.
„Не знам како ќе ви звучи ова, но јас навистина самата на себе си сум преубава. Не можам да кажам дека не би променила ништо, но сега за сега сум задоволна“, изјави Рада искрено во своето интервју за весникот „Ало“ и додаде.
„Не се гордеам со тоа што немав пластични операции, туку затоа што сум во склад со своето тело и лице“.
Инаку, порано се шушкаше дека има направено корекција на носот, но таа ги демантира овие гласини.
„Постојат многу поголеми носови од мојот и затоа одлучив да не го коригирам. Меѓу првите направив корекција на забите и тоа ме направи да бидам уште поубава. За некој тоа е носот, за некој градите, за некој задникот“, беше потполно искрена пејачката во своите одговори.