Оваа жена ужива во својот дом и живот – Без сметки за струја и вода

|

Колку од вас сонуваат да го напуштат градот и да одат во дивината да ја одморат душата? Оваа жена си го исполнила својот сон. Погледнете во видеото!

Таа се одлучила за контејнери бидејќи лесно може да се наредат едни врз други и со тоа нејзиниот животен простор може брзо и лесно да се прошири – по потреба. Освен тоа, овие контејнери се издржливи и долготрајни и на Роузи ѝ овозможиле неверојатна удобност.

Најдобро од сè е што за овој дом не ѝ е потребна струја или вода. Роузи користи соларни плочи за производство на струја и собира дождовница, така што не ѝ е потребна градската вода – тоа значи дека нема сметки за струја и вода.

„Ако нешто му се случи на светот, јас ќе бидам добро, не зависам од никого“, вели Роузи.

Таа има своја градина, простор пред куќата каде што ужива во попладневното сонце и готви на отворен оган.

„Обожувам да готвам, па кујната е прилично голема – изненадувачки за волку мала куќа“, вели Роза.

Куќата ја загрева со помош на шпорет на дрва, на кој понекогаш готви, а што се однесува до изолацијата, таа направила целосна заштита од влага, дожд и студ.