Овие 6 хороскопски знаци ги очекуваат љубовни промени: Возбудлив и динамичем период поради младата месечина на 15 септември

|

Во астрологијата, елементот земја не се одликува со страст кога станува збор за односите, но земјените аспекти меѓу планетите се тие што ги „приземјуваат“ двојките, правејќи ги љубовните односи поцврсти и постабилни. Токму ваквата енергија ќе ги подобри врските на 15. септември за време на младата месечина во Девица, а еве кои хороскопски знаци ќе доживеат најголеми љубовни промени.

Девица


Младата месечина во вашиот знак ќе ви даде енергија да го градите приватниот живот по ваши правила. Ќе донесете важна одлука во врската, во насока на подобрување на благосостојбата и удобноста.

Јупитер, владетелот на вашиот сектор за односи, како и на секторот за недвижнини, ќе промовира решавање на станбеното прашање. Може да се преселите во нов стан, да размислувате за реновирање или партнерот ќе ви понуди да живеете заедно.

Риби


Младата месечина се појавува во вашето поле на врски – и да, тоа 100 отсто значи почеток на нова љубов, познанство или ќе почувствувате голем интерес од страна на спротивниот пол.

Исто така, веројатно партнерот ќе ви даде понуда поврзана со патување. Ќе биде многу романтично, со доза на луксуз и материјална благосостојба.

Близнаци


Младата месечина е во вашето станбено поле и ќе ви овозможи нова промена во врска со местото на живеење. Вие и партнерот можеби ќе одлучите да купите земјиште во друга земја или ќе се преселите кај партнерот (ако живее во странство).

Можно е да започнете врска со маж кој се занимава со психологија, медицина или е финансиски експерт (работи во даночна служба или во осигурителна куќа).

Скорпија


Младата месечина во Девица се појавува во полето на вашите пријателства. Тоа значи дека на 15. септември можно е да започнете љубовна врска со некој од вашите колеги, пријатели или стари познаници.

Интересно е што Плутон ќе биде во полето на патувањата, па би можело да дојде до значаен напредок во веќе постоечкиот однос.

Бик


Младата месечина се појавува во вашето љубовно поле, а Јупитер и Уран, кои се во вашата прва куќа, можат само да ве направат иницијатор на нова љубовна приказна.

Најверојатно ќе постои елемент на некој вид ослободување од обврските во врската, бидејќи планетите стапуваат во врски во куќите кои се одговорни за слободата и љубовта, што во овој случај не се спротивставено.

Јарец


Младата месечина се појавува во вашето поле на патувања, а Јупитер и Уран, кои се во љубовното поле, можат да го направат вашиот партнер проактивен. Најверојатно ќе ви понуди да почнете да живеете заедно или да одите на патување.

Исто така, кај оние што се слободни постои шанса да го запознаат идниот партнер на курсеви, обуки, на патување или при составување некакви меѓународни документи.