Во текот на грејната сезона се јавуваат проблеми со сув воздух, а тоа пак влијае на дишењето.
Против оваа појава можете да се борите со помош на билки.
Чемпрес – Во Јапонија му се придава голема важност и се смета дека во него се собираат душите на мртвите. Ова зимзелено дрво го влажни воздухот и ја впива нечистотијата од домот. Помага при симптоми на мигрена и главоболка. Бара студено место и редовно наводнување.
Свекрвин јазик – И оваа билка прави чуда, произведува кислород и ги неутрализира штетните ефекти од синтетичките материјали и влакна. Во своите листови задржува влага и не треба да се наводнува често. Не бара многу внимание и можете да го чувате дома.
Фикус – Тој е многу популарен затоа што го прочистува воздухот, убива вируси и впива прашина. Успева во домови каде има доволно простор, а бара и ладно место.
Лозица – Таа се врти кон светлоста и го влажни воздухот.
Спатифилум – Ја нарекуваат женска среќа и се верува дека носи љубов во домот.