Се повеќе држави се одлучуваат да го забранат користењето на автомобили на дизел гориво и други загадувачи на воздухот.
Можеби не сте знаеле, но во светот постојат места па и цели градови кои во целост ја забраниле употребата на автомобили.
Ла Кумбресита, Аргентина Ла Кумбресита е мал живописен град во долината Каламучита во Аргентина. Ова место е изградено во алпски стил, а неговите улици се само пешачки. Еко-туризмот тука е многу важен, а туристите доаѓаат за да шетаат по шумските патеки, да ги гледаат водопадите и да кампуваат под ѕвездите. Посетителите смеат да ги паркираат автомобилите на паркингот во близина, а потоа да минат преку мостот Рио Дел Медио пешки.
Понтеведра, Шпанија Понтеведра е град во кој веќе 19 години се забранети автомобилите. Жителите на овој град немаат потреба за викање, бидејќи живеат без буката од моторите и автомобилите. Како што велат, кај нив е како во рајот. Воздухот е многу почист откако нема издувни гасови, на улиците се слуша песната на птиците, а децата одат безбедно по улиците.
Хидра, Грција Со идеална позиција на Егејското море, островот Хидра е вистински мал рај. Моторни возила не се дозволени, што значи дека нема автомобили или скутери, и така камените улиците останале целосно отворени за пешаци и магариња. Хидра е позната и по добро зачуваната архитектура, прекрасното море, скриените заливи и крајбрежните патеки за пешачење.
Гиторн, Холандија Сместен на околу 80 километри североисточно од Амстердам, Гиторн понекогаш го нарекуваат и “холандската Венеција”. Има 180 мостови кои минуваат преку градските канали, кои изгледаат како некој да ги нацртал. Каналите можете да ги обиколите со чамци, но можете и пешки да го разгледате овој град.