Иако навистина е тешко да се пронајде сродната душа, на некои луѓе едноставно вистинската љубов не им е судена. Овие хороскопски знаци се најчесто склони кон бирање на погрешните личности и затоа често завршуваат со скршено срце.
Рак
Добронамерноста на Ракот е причината поради која најчесто избира погрешни особи. Ракот се обидува да види добро во секој човек и затоа најчесто останува во нездрава околина подолго отколку што би требало. Многу лошо поднесува раскинување па се труди со сите сили да го поправи односот со постоечкиот партнер.
Риби
За личностите родени во знакот Риби би можело да се каже дека живеат во свој свет и не сфаќаат што се случува околу нив. Нивните љубовни приказни неретко се трагични затоа што се заљубуваат во оние кои никогаш нема да ги погледнат. Тешко им е да пронајдат некого кој ќе ги разбере па поголемиот дел од животот го поминуваат оплакувајќи ги пропаднатите врски.
Овен
Овните најчесто „пукаат“ од самодоверба, што не е секогаш така добро нешто. Тоа е она што ги уверува дека тие секогаш го знаат најдоброто и најчесто се заслепени од своите партнери и се обидуваат да ги променат и да им наметнат свои ставови и мислења што многу брзо резултира со пукање на љубовната врска.
Бик
Биковите не поднесуваат самотија. Тие се во постојана потрага по партнер затоа што не сакаат да бидат сами па затоа често се одлучуваат за некој кој воопшто не им е компатибилен. Многу се тврдоглави па се обидуваат да ја донесат врската до работ, но кога еднаш ќе сфатат дека не им е судено, разочарано заминуваат во понатамошна потрага.