Во вкусната храна веројатно ужива секој од нас, но овие 5 хороскопски знаци постојано размислуваат за тоа што следно ќе изедат и постојано се гладни. Еве за кои знаци на Зодијакот станува збор:
Вага
Вагите сакаат да грицкаат помеѓу оброците. Колку и да се трудат да пронајдат ред и рутина во оброците, тие не се придржуваат до тоа. Вагата понекогаш појадува два пати, а често пред ручекот мора нешто да касне. Не ѝ е важно кој дел од денот е – важно е само да се јаде.
Бик
Бикот и пред влегување во ресторан знае што сака да јаде и е дефинитивно еден од најгладните хороскопски знаци. Неколку часа пред посетата на ресторан, тој го проверува менито, но сака да испробува и нови јадења. Биковите често знаат да се разочараат ако храната која ја нарачале не им е вкусна.
Овен
Овните се отворени за сè што е ново и посетуваат необични ресторани. Тие се храбри и често јадат егзотична храна. Сакаат да експериментираат во сопствената кујна и уживаат да готват за своите блиски.
Лав
Лавовите се вистински гурмани и сакаат фина храна, а презираат брза храна. Уживаат во вистинските кулинарски искуства и често се фалат со јадењата кои ги зготвиле.
Риби
Храната ги усреќува Рибите. Тие често јадат само за да се чувствуваат добро и сакаат да изедат речиси сè. Сакаат да пробуваат и јадења од други култури, а најмногу јадат кога се фрустрирани.