Песната „Зора је“, која во осумдесетите ја испеа Неда Украден, ѝ донесе на Марина Туцаковиќ 100 илјади евра. Туцаковиќ не е комплетен автор на текстот, но и покрај тоа дебело заработува на песната.
Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ, со кого неколку пати се искаравме за насловот. Прво ја нарековме „Јоване, зора е“, па „Милане, зора е“…На крај ѝ се јавив на Марина Туцаковиќ, кој напиша само еден стих, кој и донесе преку 100 илјади евра, откри Украден во емисијата „Гламур“.
Се работи за стихот „Suza je iz oka kanula“.
Во една прилика таа проговори и за состојбата во која се наоѓа па кажа „Знаев дека тоа ќе ми се случи. Се чувствував многу лошо, многу се нервирав… Ја имав таа раничка што ја игнорирав, знаев дека сум болна. Навистина знаев. Свесно не отидов на лекар. Имав и приватни проблеми и тогаш тоа го запоставив, се ставив себеси на последно место“, рече авторката на музички текстови, Марина Туцаковиќ (65).
Марина веќе подолг период се бори со р*к дојката, а според српските медиуми, таа редовно оди на лекарски прегледи и нејзината состојба конечно се подобрува.
„Закрепнувам, фала богу, подобро ми е. Сè уште имам проблеми и редовно одам на контроли. Сè уште постои сè друго. Лекарите засега се задоволни, но не кажуваат ништо“, рече познатата авторка.
Минатата година туморот ѝ беше опериран на Институтот за онкологија и радиологија во Белград, а потоа, по препорака од лекар, отиде во Германија на имунотерапија, која требаше да ѝ помогне во заздравувањето.
Марина се чувствува подобро и повторно почна да пишува песни.