Овие работи не смеат да се внесат во Грција над лимитот

|

Грција и ова лето ќе биде една од омилените дестинации на туристите по укинувањето на речиси сите антиепи демиски мерки, но и поради долгогодишните навики, близината до дестинации и релативно прифатливото сместување.

Бидејќи во последните две години главните дилеми при патувањето беа главно поврзани со пандемијата, односно потребната здравствена документација – потврди за имунизација или болест, негативни тестови и слично, туристите при преминувањето на границата заборавија на стандардните царински правила.

А што и во колкава количина патниците можат да понесат со себе во Грција?

Патниците кои пристигнуваат со авион од земји кои не се членки на ЕУ, како Македонија, можат да внесат најмногу 200 цигари, четири литри вино или еден литар жесток пијалок и парфем во пакувања до 50 грама. Што се однесува до парите, дозволено е да се внесат до 10.000 евра во готовина (или еквивалентна сума на пари во друга валута). Секоја поголема сума мора да се пријави на граница.

Патниците од ЕУ кои доаѓаат по пат од земји кои не се членки на ЕУ (транзит) можат да внесат 40 цигари (две кутии), 20 пури или 50 грама тутун, еден литар жесток пијалок (појако од 22 отсто алкохол), два литра вино и 50 грама парфем. И готовината е ограничена на 10.000 евра.

Во пракса навистина се случува грчките цариници да направат проблем, најчесто на почетокот и на крајот на сезоната кога имаат доволно време да го проверат внесот на цигари и забранета храна. Тогаш се повикуваа на оваа долна граница од максимум две кутии цигари доволени при влез, но во многу случаи не прашуваа за цигари, ниту пак пребаруваа автобуси и автомобили.

Забрането е внесување растенија со земја во Грција. Отстранувањето на антиквитети е забрането без специјална дозвола на Археолошката служба во Атина, а против секој што ќе ја игнорира оваа регулатива ќе биде поведена кривична постапка. Една даска за сурфање по лице може да се увезе/извезе без царина, доколку е запишана во пасошот при пристигнувањето.

И покрај тоа што повеќето туристи очекуваа дека летниот одмор годинава ќе им биде порелаксиран поради подобрата епид емиска состојба, војната во Украина има прилично големо влијание врз туризмот, во вид на повисоки цени и потежок транспорт. Затоа често туристичките агенции се принудени на патниците да им наплаќаат повисока цена од договорената – пивисоки цени од 10 до 15 евра за автобус и 30 евра поскапо за авионски превоз.