Тие не се лесни на зборови, ниту во искажување на чувства. На луѓето родени во овие знаци на зодијакот, изговарањето на зборовите „те сакам“ им претставува голем предизвик, па не се надевајте на тоа во првите месеци од врската.
Стрелец
Стрелците се луѓе кои не сакаат да се врзуваат ниту за место ниту за личност. Тие ретко вистински се заљубуваат и тешко им е да замислат дека остатокот од животот ќе го поминат со една личност. Најчесто им искажуваат љубов само на најблиските членови од семејството.
Близнаци
Исто како Стрелците, Близнаците не сакаат да се врзат за никого, а не се ниту многу романтични, па изјавувањето љубов им е прилично женствено и лигаво. Лудите забави и авантурите се по нивна мера, па дури и ако ви кажат дека ве сакаат, веројатно тоа не го мислат во целост.
Водолија
Водолиите не се авантуристи како Стрелците и Близнаците, а многу внимателно ја бираат личноста за која ќе се поврзат. Тие чекаат да помине одреден “тест“ период во кој ќе заклучат дали таа личност во целот е компатибилна со нив или не.