Овие знаци се најдобар доказ дека на вашиот организам му недостасува витамин Ц

|

Витаминот Ц го зајакнува имунитетот и го штити организмот од настинка и грип, па затоа е потребно редовно да го внесувате.

И покрај честите опомени од страна на докторите, многумина го занемаруваат овој важен витамин, а ова се неколку знаци кои откриваат дека на вашето тело му е потребен витаминот Ц.
Најочигледниот знак е фактот дека лесно се разболувате. Без доволно витамин Ц, нема ни доволно бели крвни зрнца кои ги напаѓаат вирусите и бактериите и со самото тоа го штитат организмот од грип и настинки.

Ако сте уморни, лошо расположени и поспани, тоа исто така може да има врска со недостатокот од овој витамин. Бројни истражувања кои биле спроведени на пациенти кои се борат со анксиозност покажуваат дека нивното расположение се подобрило за 34 отсто откако во организмот започнале да внесуваат витамин Ц.
Недостатокот исто така може да влијае на сврзните ткива кои не се обновуваат со нормална брзина, па со самото тоа раните побавно заздравуваат. Без овој витамин се влошува состојбата на зглобовите – тие стануваат отечени и болни, а уште еден јасен знак е состојбата и на вашата коса и кожа: ако се суви, тогаш тоа значи дека во вашиот организам нема доволна количина на витамин Ц.

Количината на витамин Ц во организмот можете да ја зголемите со редовно консумирање на брокула, зелка и цитрусно овошје. Потрудете се да консумирате свежо овошје, а не сокови и други преработени деривати.