Овие 3 знаци ги очекува огромна љубов во декември

ИЗВОРНов Лист
|

1. Овен

Ќе доживеете нови и прекрасни возбудувања на полето на љубовта. Во текот на целиот декември ќе имате толку многу љубовни шанси, што нема да знаете на која страна да се завртите. Но тоа што е сигурно, е дека нема да го дочекате крајот на годинава сами. Доколку ви се допаѓа некој од огнените знаци, сега е вистинското време да преземете иницијатива или суптилно да ги покажете своите чувства.

2. Лав

Венера ќе им донесе многу среќа и љубов на Лавовите во текот на декември, особено до 21-ри додека таа е во нивниот знак. Иако последниве неколку месеци не ви одело баш добро на емотивен план, ситуацијата сега целосно ќе се смени. Најинтересното од сè – една случајна средба може целосно да ви го смени животот. Доколку сте во љубовна дилема, не грижете се, до крајот на месецот нештата ќе ви бидат многу појасни.

3. Скорпија

Доколку сте слободни и се надевате на љубов во вашиот живот, конечно можете да се смирите бидејќи ќе имате со кого да ја дочекате зимата. До 10-ти декември ќе имате неколку шанси да започнете врска со огнен или воден знак, а ако веќе имате некој покрај себе, сега е вистинското време да разговарате за сериозни планови и да ја испланирате вашата врска со саканата личност.