Овен (21.03 – 20.04)
Малку потежок ден е пред вас, можно е да немате премногу успех во деловните преговори. Во љубовта не сте задоволни со емотивната ситуација, размислувате да направите големи промени.
Бик (21.04 – 21.05)
Доколку во план ви било промена на работата денес би можеле да очекувате некаква нова понуда која ќе биде многу интересна. Во љубовта доколку се впуштите во флерт со некој нов познаник ве очекуваат интересни настани.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате многу енергија и лесно се носите со деловните обврски. Ве очекува позитивен ден. Доколку сте слободни, ве очекува ново интересно познанство со лице кое е малку постаро од вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Можно е со помош на соработниците да успеете да завршите некој многу важен деловен проект. Нема потреба да ја одолговлекувате комуникацијата со личноста која ви се допаѓа. Покажете и ги вашите намери и емоции.
Лав (23.07 – 22.08)
Обидете се да ги разјасните недоразбирањата со соработниците. Важно е сосема јасно и отворено да зборувате. Во љубовта сакате да му докажете на саканото лице дека имате добри намери кон него.
Девица (23.08 – 22.09)
Насмевката ќе ви се врати на лицето во моментот кога до вас ќе дојдат убави вести. Ве очекува напредување на полето на работа. Во љубовта покрај саканото лице ќе се чувствувате сигурно, возвишено и љубено.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе направите многу добра проценка на деловната ситуација и благодарение на тоа ќе донесете добри деловни одлуки. Можете да сметате на добра комуникација со саканото лице кое максимално ви е посветено.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Многу поволен ден да се завртите кон новите сознанија на работа со цел подоцна да имате корист од ситуацијата. Во љубовта можно е да се грижите без причина, саканото лице има навистина добри намери кон вас.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку се занимавате со приватен бизнис очекувајте многу едноставни решенија за проблемот кој ве мачел. Заладувањето на односите со брачниот партнер ве демоитивира и имате чувство дека нема надеж. За среќа, се лажете.
Јарец (22.12 – 20.01)
Можни се проблеми со документацијата. Најдобро е детално да ја прегледате и да ги пронајдете ситните грешки. Во љубовта несигурни сте во емоциите. Еднаш ви се допаѓа едно лице, потоа некое друго.
Водолија (21.01 – 19.02)
Можете да очекувате поволен ден на работа, колегите и соработниците ќе ви помогнат во голема мера. На полето на љубовта ќе се наоѓате во центарот на вниманието, а тоа ќе ви одговара.
Риби (20.02 – 20.03)
Очекувајте зголемување на обемот на работата. Во љубовта приврзани сте за својот партнер. Сметате дека најдобро се чувствувате само во негова близина. Воведете некаква физичка активност.