Овен (21.03 – 20.04)
Ќе ви биде укажана шанса своите идеи да ги спроведете во дела. Вашата врска би можела да прерасне во нешто поважно и поголемо. Уживајте во хармонијата со партнерот.
Бик (21.04 – 21.05)
Важно е да ја сочувате деловната позиција и затоа не штедете енергија. Вашиот деловен успех не претставува врв, но сепак постои можност за подобрување на работите. Со партнерот ќе поминувате прекрасни моменти заедно.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Обидете се да пронајдете некое ефикасно и обиколно решение со цел да ги намалите деловните притисоци. Делувате вознемирено, но партнерот знае на кој начин може да ве инспирира.
Рак (22.06 – 22.07)
Вложувате големи напори, но околината нема доволно почит за вашите деловни интереси. Партнерот има одлични идеи и планови, вклучете се и вие во нив.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе добиете одлична прилика за зголемување на заработката. Искористете ја на вистинскиот начин. Возбудлив ден за емоции. Ве очекуваат интересни ситуации. Бидете подготвени.
Девица (23.08 – 22.09)
Обрнете внимание на различните информации кои укажуваат на некое практично и корисно решение. Изненадете го саканото лице со необични идеи.
Вага (23.09 – 22.10)
Одлична прилика за напредок на деловен план. Ве очекува зголемување или напредување. Можна е страствена врска со лице со кое во брзо време сте се запознале.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ќе се сретнете со некои мали компликации на деловен план. Можно е да не сте во прилика да ги реализирате своите идеи. Доколку сакате да размислувате за се, денес треба да се дистанцирате од саканото лице.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Претерано тактизирате и губите драгоцено време на одлуки. На средба со саканото лице бидете искрени и реални. Ќе се чувствувате добро.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не можете да влијаете на текот на преговорите. Опуштете се. Потребно е да остварите хармоничен дијалог со саканото лице. Потрудете се повеќе.
Водолија (21.01 – 19.02)
Некои работни обврски навистина ќе ви зададат проблеми. Во љубовта сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале. Се чини дека новиот партнер е сосема друго, но уште треба да причекате со донесувањето на судот.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Прашајте ги повозрасните за совет.