Овој бездомник претура по ѓубрето на милијардерите и така заработува за живот: Неделно собира околу 300 долари, но само една работа никогаш не сакал да препродаде

ИЗВОРСкопје24
|

Воениот ветеран Џејк Орта, кој по 12 години служба во американската војска станал бездомник, вели дека заработува околу 300 долари месечно така што копа по ѓубрето на милијардерот Марк Закерберг.

Орта живее во социјален стан во Сан Франциско, а само три блока подалеку живее основачот на Фејсбук, Закерберг, во вила од 10 милиони долари.

Во станот на Орта може да се најдат разноразни работи, од правосмукалки, фенови и апарати за кафе, до облека, а сето тоа го собрал од кантата на Закерберг.

“Едноставно ме зачудува што се фрлаат луѓето. Никогаш не знаеш што можеш да најдеш”, вели Орта додека пребарува по кантата и од неа извлекол дизајнерски фармерки, памучна јакна, патики и исправна пумпа за велосипед.

Иако “копањето по ѓубре” е незаконско во Калифорнија, ретко кога тој закон се применува.

Орта од препродажба може да заработи дневно меѓу 30 и 40 долари.

Овој ветеран не е единствен кој така заработува за живот. Иако користи повеќе рути за пребарување на канти и контејнери, на неколку локации знае дека ќе има “сигурен улов”.

Орта мора да се придржува и до неколку правила. Мора да провери дали во кантите се крие некој ракун. Дури по проверката, вистинската потрага може да започне. Во ѓубре пронаоѓал и мобилни телефони, ајподи, три рачни часовници и ќесичка со марихуана. Последното го зачувал за себе, додека технолошките направи ги продал. Нагласува дека ќе го земе само тоа што луѓето навистина го отфрлиле.

Многумина, посебно оние најбогатите, не размислуваат многу за својот отпад ни за рециклирањето, а најобична канта за ѓубре за нив е најлесниот начин да се ослободат од работите кои повеќе не им се потребни.

Многу граѓани сметаат дека Орта и неговите “колеги” на овој начин вршат и одредена граѓанска должност бидејќи наоѓаат работи кои би завршиле во депонии, а вака им даваат нов живот.

Бездомниците на некој начин се претприемници.

Сепак, омилената работа која ја пронашол во ѓубре, Орта никогаш не ја продал. Станува збор за колекција од весници од целиот свет од времето на Втората светска војна.

“Зошто некој би сакал тоа да го фрли”, се прашал поранешниот ветеран.