Марсико Мизел Матолиас „кралот“ како што го нарекуваат жителите на Рио де Жанеиро. Живее 22 години во дворец од песок кој самиот го има направено. Како што кажува инспирација за овој прекрасен дворец пронашол во делата на архитектот Гаудиј, а секојдневно се труди да го поправи и да го „изгланца“ секој детаљ на него.
Иако живее на простор од три квадратни метри он тврди дека има се што му е потребно. Многу е важно тоа што Марсико не плаќа ниту данок, ниту кирија, имајќи во предвид дека живее во крај каде што киријата е поголема од просечната плата. Самата негова појава привлекува многу љубопитни луѓе, кои не можат да одолеат а да не се сликаат на неговиот трон.
„ Се плашам да бидам во куќа и се да ми е исчистено и уредно. И си реков себеси: чекај, чекај. Овој замок може да се сруши, но јас ќе направам нов и ќе се преселам. Ги сакам оние „краткотрајни“ работи, за да не станам опсесивен како оние што викаат „ова е мое, ова е мое.“
Неговиот кревет е една голема вреќа која му стои на средина, а тоалетот му е WC-то во против пожарната установа која се наоѓа на 30 метри од неговиот замок. За да купи храна Марсико продава книги од штандот кој се наоѓа веднаш пред неговиот замок, но живее и од донации кои луѓето му ги даваат за да се сликаат со него и со неговиот замок. Иако е потполно задоволен со својот живот понекогаш вели дека е осамен.
Марсико има и еден неисполнет сон, а тоа е дека еден ден ќе прави големи склуптури, поради кои луѓето долго ќе го паметат неговото име.