Некои лавови ќе одлучат да стават крај на врска во која го изгубиле сопственото „јас“ или во која биле повеќе време тажни одошто среќни. Други пак, силно ќе ја треснат портата кон минатото, ставајќи мелем на своите љубовни рани. Трети, ќе ѕирнат во своите бујни фантазии за да откријат што е она што им недостига во реалноста.
Во меѓувреме сексапилниот Марс ќе патува во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, поттикнувајќи многу лавови да размислуваат за брак, деца или нова врска. Нема да можете да ѝ одолеете на љубовта ако сте сингл, па веројатно ќе пронајдете партнер со кој ќе ги споделувате претстојните летни авантури.
Ќе вдишувате и издишувате љубов по 14 јуни кога романтичната Венера ќе се пресели во вашиот знак. Бестрашно ќе сакате и ќе бидете сакани. Партнерот нема да може да му одолее на вашиот сексапил, па втората половина на јуни ќе ви донесе многу страсни ноќи