Овој локален пат утре од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај

|

Локалниот пат од селото Маврово до селото Леуново утре ќе биде целосно забранет за сообраќај заради одржување на велосипедска трка. Полицијата ќе преземе мерки за обезбедување на настанот ќе го регулира сообраќајот.

Од СВР Тетово информираат дека утре од 9 до 16 часот и 30 минути на потегот од село Маврово до село Леуново ќе се одржи традиционална велосипедска трка по повод празникот 8 Септември, на која ќе учествуваат неколку категории натпреварувачи.

– Во тоа време целосно ќе биде забранет сообраќајот на овој пат, а покрај редари на организаторот, за безбедноста на учесниците и гледачите ќе се грижат повеќе полициски службеници и возила на Секторот за внатрешни работи Тетово кои ќе бидат ангажирани за таа цел и намена, наведуваат од СВР Тетово.

Од таму упатуваат апел до учесниците на трката да се придржуваат на знаците и другата опрема поставена од организаторот, а до возачите – целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.