Ендру Пејков – Енди е четириесет годишен успешен бизнисмен кој е сопственик на најголемата компанија за производство на флаширана вода во Америка – „Niagara Drinking Water Inc“.
Фамилијарниот бизнис на Пејкови е еден од најбрзорастечките бизниси во Америка во последните 20 години, а Андреј вели дека најголема причина за успехот боло тоа што целата фамилија сложно работела на развојот на бизнисот.
Компанијата ја основал таткото на Енди во 1963 година, а Пејков Јуниор ја наследил откако татко му доживеал срцев удар. Денеска во „Нијагара“ работат околу 2800 работници, а мотото на Енди со кое ги поттикнува своите вработени да бидат што подобри е „Во нашата компанија е перфектно нормално понекогаш да не успееш во некоја задача“.
Добитници се на безброј награди за иновации и за употреба на еколошка технологија и еко дизајн во производството. Во фамилијата Пејкови има осум браќа, од кои петорица се во компанијата. Со конкуренцијата се борат со евтини цени, а нивните производи се продаваат во сите поголеми маркети низ Америка.
Ендру Пејков Сениор е прогласен за почесен конзул на Македонија во калифорнија.