Овој патент требало да направи револуција во транспортот, но мистериозно исчезнал: Тоа не е прв пат да се случи, истото му го направиле и на Тесла

|

Американскиот патент US20060071122A1 за систем за телепортација на целото тело првобитно го започнал неговиот пронаоѓач, наредник Џон Клер на 29-ти септември 2004-та година.

Во описот на патентот пишува: “Ова е пронаоѓање на систем кој го телепортира човековото суштество преку хипервселената од една локација на друга, користејќи се со пулсирачки, гравитациски бран кој патува низ хипервселената”.

На 7-ми јуни 2015-та патентот бил пренесен на Луис А. Хект Ројас, а потоа наведен како напуштен на 20-ти април 2019-та година. Ова потсеќа на тоа што се случило со изумот на автомобилот на вода на Стенли Мајер, за чиј изум е пресметано дека може да мине од источниот до западниот брег на САД со 80 литри вода.

На Мајер му биле понудени милијарди долари од автомобилската индустрија, но тој одбил бидејќи сакал изумот да оди кај народот. Кратко после тоа, бил отруен.

Слично нешто се случило и со Никола Тесла, кој со својот светски енергетски систем, метод на емитување на струја без жица, односно преку земја, на сите во светот се обидел да им обезбеди бесплатна енергија.

Финансиерот на Тесла, Џ.П Морган го прашал како може на луѓето да им ја наплати бесплатната енергија. Тесла рекол дека енергијата е бесплатна и нерегулирана. Од тој ден, изумот на Тесла бил потиснат бидејќи Морган верувал дека тој што ја контролира енергијата, има моќ.

Ниту кулата за бесплатна енергија на Тесла никогаш не била довршена, но неговиот сон за обезбедување на бесплатна енергија за сите на Земјата и натаму е жив.

Од доцните 1800-ти требало да користиме бесплатна енергија. Од крајот на 1980-тите требало да користиме автомобили на воден погон. Од раните 2000-ти требало да користиме телепортациски системи.

Можеби еден ден сето тоа ќе стане достапно за целата јавност.