Јули веќе се покажува како динамичен месец, кој како што предвидоа ѕвездиите – ни носи многу предизвици. Астролозите откриваат кои датуми ќе се најуспешни овој јули.
10 јули – Опозиција Меркур/Плутон
10 јули ќе биде ден на комуникација, флерт, романса, но и успешна креативна и деловна соработка. Луѓето ќе бидат многу продуктивни на овој ден и подготвени да започнат дијалог. Ова ќе биде совршен момент да склучите мир со луѓето со кои сте имале некакво недоразбирање.
11 јули – Меркур транзитира низ Лав
Транзитот на Меркур низ знакот Лав е многу поволен период за оние кои сакаат да потрошат дел од своите пари и време на забава и уживање. Покрај тоа, многумина од нас ќе имаат голема среќа на љубовен план, а ќе имаат и можност успешно да ги вложат своите пари – во недвижен имот, на пример.
20 јули – Опозиција Марс/Сатурн
На овој ден Марс и Сатурн ќе бидат во стабилен и поволен аспект. Тие ќе бидат на спротивните страни на Земјата, што ќе предизвика силен бран на позитивна енергија. Тоа ќе биде ден полн со мотивација, инспирација и позитивна енергија. Животот на повеќето луѓе ќе се промени на подобро, бидејќи нивната психичка состојба значително ќе се подобри.
22 јули – Опозиција Сонце/Плутон
Ова е многу интересен настан од гледна точка на астрологијата. Астролозите напоменуваат дека овој ден ќе помине во знак на позитивна енергија и добро расположение. Сонцето и Плутон ќе им помогнат на луѓето да се ослободат од незадоволството, депресивните мисли и сомнежите. Овој аспект поволно ќе влијае и врз самодовербата.
28 јули – Транзит на Меркур низ Девица
Транзитот на Меркур низ Девица ќе се одвива сè до 4 октомври. Ова ќе биде период исполнет со креативност и подлабока комуникација. Што се однесува до 28 јули, тоа ќе биде ден на нови можности. На овој ден ќе треба да вложите повеќе труд доколку сакате да стекнете нови знаења.