Овој производ се повлекува од рафтовите – не е безбеден, доколку го имате дома овој додаток во исхраната вратете го веднаш

|

Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ VIVAFLORE DARMTRANSIT 150 TAB B ( додаток во исхрана), со наод на емодин и алое емодин.

Сериски број/лот: 79667

Производител: SUPERDIET BD France

Увозник: Мимех Фарм ДОО Скопје

Дистрибутер: Мимех Фарм ДОО Скопје

Оттаму посочуваат дека „крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“.