Овој трик е најкорисен за сите што „висат“ на интернет: Како за секунда да ја поправите грешката што сте ја направиле?

ИЗВОРНов Лист
|

Кога сурфаме на интернет, често се случува да имаме еден куп отворени прозорчиња и случајно да го затвориме она кое ни е најпотребно во моментот. Сепак, постои еден едноставен трик кој ви овозможува брзо да го вратите затвореното прозорче.

За да го вратите последниот затворен прозор (на Хром, Фајрфокс или Вивалди) притиснете Control + Shift + T или обидете се со десен клик на активно прозорче, по што ќе ја одберете опцијата „Reopen Closed Tab“.

Кај Мекбук и на Сафари треба да ја одберете опцијата Command + Shift + T.