Падна дел од лимен покрив во центарот на Скопје – Среќа немало минувачи

|

Покривот на Технометал Вардар е опа сност која постојано ги демне пешаците на најраздвижената скопска пешачка зона, улица „Македонија“.

Вчера падна дел од покривот на оваа зграда која е спроти спомен куќата на Мајка Тереза, а само прашање на време е кога тоа ќе се случи повторно, оти лимови и даски кои што се држат на една шајка и се клатат и на најмал провев висат од сите страни.

Малку посилен ветер во самото срце на градот може да направи вистинска штета. За среќа кога овој не саниран покрив се откачил немало минувачи па не пов редил никој.

Целата ситуација се одиграла пред очите на уметникот Предраг Тасиќ кој своите дела ги продава токму на клупата под овој покрив. Вели минувачите се исплашиле, а за среќа откачениот дел не паднал врз него.

-Секојпат има нешто што виси, некогаш по неколку од тие плехови и бакар, како меч врз глава се, гилотина. Тогаш бев токму под дрвото, падна и овие металниве постаменти се срушија, се превртија-вели Предраг Тасиќ за Канал 5.

Не им е сеедно ниту на пешаците кои со страв поминуваат на овој дел од улица „Македонија“. Стра вуваат дека во секој момент ќе се откачи нов дел и дека некој може и да нас трада. Апелираат до надлежните да го санираат овој проблем пред некој да го загуби животот.

-Како не е страшно, кога ќе погледнеш вака, се држи на еден клинец. Секако дека е за стра вување, може на некој над глава да му падне. Може човек тука и да настрада, не е мала работа, ќе земе еден живот, што правиме после, „џабе“ е се. Институциите нека си преземат нешто за оваа градба.

Се жалат и од околните кафулиња и хотели чии тераси се изложени на опа сност. Велат доколку не се преземе нешто побрзо може да настрада некој гостин, а во најмала рака да претрпат и материјална штета.

Од ЦУК, на 8ми април веќе постапиле по пријава на граѓанин и интервенирале на истата зграда, отстранувајќи големо парче опа сен лим. Тие веќе се обратиле до општина Центар за санација на покривот.

Со општина Центар за Канал 5 посочија дека оваа зграда не е во нивна надлежност.