|
Падна договор меѓу владата и синдикатите. Вработените во јавниот сектор ќе добијат зголемување на платите за 10%.
Најмалку 10 проценти од септември, а од март 2025-та системски модел за раст на платите според зголемувањето на просечната плата. Се надмина и каменот на сопнување, односно регресот за годишен одмор. Синдикатите не отстапија од барањето сумата да не биде под 10.000 денари за секој вработен. Владата и на ова се согласила.
За сето ова да се реализира, министерот Бесими ќе прави ребаланс на буџетот во септември, но колку т пари ќе бидат потребни не откри, а исто така не откри и од кои ставки ќе се крати.