Падна фасадата на Мепсо: Зградата не го издржа налетот на ветрот

ИЗВОРновлист
|

До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, цела вечер на својот Фејсбук профил известуваше за санирањето на штетите. Покрај дрва и кровни конструкции, ветерот нанесе штета и на фасадата на зградата на АД МЕПСО.

Како што може да се види од фотографиите, ветрот урнал дел од фасадата кој паднал врз паркингот каде што имало неколку возила.

Екипите на Град Скопје имаа работна ноќ. Екипите го рачистуваа нередот кој го направи силниот ветер.

По синоќешното невреме кое го зафати главниот град Скопје, улиците се проодни, но откорнатите покриви, дрвја и искршени автомобили останаа да сведочат.

Исто така помош пристигна и од Противпожарната екипа на Град Скопје. Пожарникарите помагаа да се рачисти булеварот Партизански одреди, која синоќа беше целосно блокиран.

Ветерот дуваше со брзина од околу 70 километри и предизвика големи штети – откорна покриви, дрвја, билборди и автомобили.