|
Фотографија од паднат плафон во трговскиот центар „Ист гејт“ кружи на социјалните мрежи. Корисник на Инстаграм, фотографијата ја испратил до „Дарко влогс“, со порака дека настанот се случил пред негови очи.
„Во East Gate само со шлем“, се шегуваат на социјалните мрежи.
Засега нема став од менаџментот на трговскиот центар.
За потсетување, „Ист гејт“ неодамна беше поплавен за време на обилните врнежи и истиот не беше во функција три дена.
Тогаш падна таванскиот дел во гаражите и за среќа се помина без позначителна штета на граѓаните. Од трговскиот центар тогаш известија дека штетата настанала поради водата која се насобира.