|
Палачинки со кокос се вистинската комбинација на вкусови за летните денови!
Состојки: – 100гр. кокос – 5 јајца – млеко – 1 лажица кокосово масло – 1 банана – цимет -засладувач.
Подготовка: Во сад измешајте ги јајцата, кокосот, циметот, бананата и засладувачот, па сè убаво измешајте додека не добиете компактна смеса.
Додадете растопено кокосово масло, а по потреба додадете малку млеко за да ја добиете саканата густина.
Печете како класични палачинки и наполнете со џем од јагоди или малини.
На здравје!